Учител од Велика Британија станал самохран татко на 42 години, со жена-донор на јајце клетка
- Детали
- среда, 03 февруари 2021
За својот син Дејвид вели: „Тој е светлото во мојот живот. Јас сум неверојатно среќен. Благословен сум што имам вакво насмеано мало момче.“
Учителот Дејвид Воткинс (42) е еден од првите сингл мажи од Велика Британија кои одлучиле дека сакаат дете со помош на анонимна жена-донор на јајце клетка. Детето го носела сурогат мајка која е неговата пријателка.
Овој несебичен маж со срце полно љубов сега е самохран татко на 6-месечниот Мајлс.
Тој вели дека неговиот син е мало чудо и ѝ се заблагодарува на неговата 37-годишна пријателка Феј Спридбери која се понудила да ја има улогата на сурогат мајка.
Таа веќе имала две деца и со задоволство прифатила да го носи детето на Дејвид кое е од негова сперма и јајце клетка од анонимна жена донор.
За својот син Дејвид вели: „Тој е светлото во мојот живот. Јас сум неверојатно среќен. Благословен сум што имам вакво насмеано мало момче.“
С. С. | Црнобело