Работа од соништата - две девојки се избрани за работа како библиотекарки на Малдиви
- Детали
- понеделник, 01 февруари 2021
Апликации за ова работно место од соништата пристигале од сите краишта на светот, но две девојки од Лондон ја добија можност секојдневието да им биде книги, рајски плажи и тиркизно море.
Во време кога во светот владее хаос од пандемијата на корона вирусот, две девојки го живеат својот сон.
Аислин Шивакумар, 29, и Алис Спенсер, 27, од Лондон одлучија да остават сѐ зад себе и да работат како библиотекарки на Малдиви. Двете имаат работно искуство во сферата на книжевноста.
Шивакумар вели дека 5 седмици откако аплицирала за работата, веќе била на авион за Малдиви и не ѝ се верувало што се случува.
Тие работат во склоп на луксузните ресорти Soneva Fushi и се избрани како вработени за проектот „Barefoot Booksellers“ за годинава. Сонот да бидат меѓу книги, рајски плажи и тиркизно море за нив сега е реалност.
За овој проект пристигнуваат стотици апликации од сите краишта на светот секоја година, но тие две беа среќните избранички.
Животот на двете девојки на Малдиви:
С. С. | Црнобело