Една година од смртта на Коби и Џиџи: Емотивна исповед на Ванеса Брајант и писмото од најдобрата другарка на Џиџи
- Детали
- вторник, 26 јануари 2021
На првата годишнина од трагичната загуба на кошаркаската легенда Коби Брајант и негoвата ќерка Џиџи, сопругата Ванеса проговори за тагата, а сподели и емотивно писмо што го добила од најдобрата пријателка на Џиџи.
Помина точно една година од трагична хеликоптерска несреќа во која загинаа Коби Брајант и неговата ќерка Џиџи, како и седумте останати патници во хеликоптерот, на 26-ти јануари 2020.
По повод годишнината од тажниот настан, Ванеса, сопругата на кошаркарската ѕвезда, проговори за тагата што ја чувствува цела година. Ванеса објави Инстаграм Стори со кое не само што споделува како се чувствува, туку се обидува да ги утеши другите кои се соочиле со загуба.
„Да бидам реална – тагувањето е хаотичен збир од емоции. Еден ден сте расположени и се смеете, а следниот не сакате да бидете живи. Сакам да го кажам ова за луѓето кои се справуваат со тага и срцепарателна загуба. Најдете причина за живот. Знам дека е тешко. Ги гледам моите ќерки и се обидувам да го надминам тоа чувство за нив. Смртта е сигурна, но не и деновите што ќе ги живеете. Најдете ја вашата причина“, пишува на нејзиното Инстаграм стори.
Потоа Ванеса сподели и писмо што го добила од една од најдобрите другарки на ќерка си Џиџи – Обри Калаган.
„Ти благодарам што сподели дел од твоите сеќавања со Џиџи и што ми дозволи да ги споделам на мојот Инстаграм. Мојата Џиџи е неверојатна и навистина го ценам твоето писмо. Таа те сака премногу.
Премногу ми недостасуваат мојата малечка и Коби. Никогаш нема да разберам како/зошто им се случи оваа трагедија на толку убави, добри и неверојатни човечки суштества. Уште не ми е реално.
Коби, завршивме добра работа. Џиџи, уште сум горда на тебе. Ве сакам“, стои во описот на објавата.
https://www.instagram.com/p/CKf7QLmDXDo/
Писмото од Обри можете да го прочитате во продолжение:
„Драга госпоѓо Брајант, постојано те мислам и се молам за тебе. Те молам не мисли дека треба да го читаш ова. Не можам ни да си помислам низ што минуваш. Постојано мислам на твојата убава ќерка. Нејзината насмевка и нејзиниот карактер ме тераат да бидам подобра. Веројатно си го слушнала ова, но ако некогаш станам мајка, се надевам дека мојата ќерка ќе биде иста како твојата. Таа беше добра, грижлива и бескрајно учтива.
Нејзината љубов кон животот е нешто на коешто секогаш ќе му се восхитувам. Таа го напаѓаше секој ден како да мора да го освои. Самиот факт што ми ја зголеми самодовербата за да почнам да играм кошарка со неа кажува колку беше моќна. Таа имаше и многу натпреварувачки дух“.
„Џиана беше жестока и тврдоглава, знаеше што сака и се бореше за тоа. Знаеше кога имав лош ден и знаеше како да ми го направи подобар. Беше дарежлива со храната на училиште кога јас ја заборавав мојата. Ми оставаше пораки во тетратките кои многу ги значат. Таа беше неверојатна“.
„Има моменти кога сум очајна и размислувам за тоа што можеше да постигне ако имаше уште неколку години. Но, во последно време размислувам за белегот што го остави на оваа планета. Нејзината борба за еднаквост во спотот го натера светот да го промени своето мислење. Од друга страна, во името на секој човек што ја запознал, можам да кажам дека ни ги промени животите. Нејзините едноставни постапки од нас направија подобри личности, и верувам дека резултатот од ова секогаш ќе се гледа“.
„Се надевам дека среде големата тага, ќе најдеш радост во тоа каква личност стана ќерката што си ја создала и одгледала. Заврши одлична работа госпоѓо Брајант, и сите сме ти бескрајно благодарни. Јас сум многу, многу благословена што имав време со твојата ќерка ангел, и ти благодарам што ми ја дада таа можност.
Ако некогаш ти требаат повеќе приказни за неа, имам многу и со задоволство ќе ги споделам со тебе“.
И фановите не можат да ја преболат смртта на кошаркарот и Џиџи, па социјалните мрежи се преплавени со објави во нивна чест:
https://twitter.com/cindy_blog/status/1353970686100975616
https://twitter.com/FaithsReality/status/1353942559303884800
https://twitter.com/Reggina_1914/status/1353964343369609217
https://twitter.com/Kay365_/status/1353855677404475392
https://twitter.com/IssaGomez9/status/1353845866327584768
Спирова С. | Црнобело