Пожарникари облечени како Дедо Мразовци ги израдуваа дечињата на онкологија во Атина
- Детали
- петок, 18 декември 2020
Прекрасна фотка од Атина... Во периодот кога ги водат најтешките битки, дечињата кои се лекуваат од рак на онколошко одделение беа израдувани со Дедо Мразовци кои им се качуваат на прозор.
На грчките медиуми и во групите на Фејсбук вирално се споделува фотка од Дедо Мразовци качени на терасите на болница во Атина.
Станува збор за пожарникари, кои се облечени како Дедо Мраз и имаат цел да ги израдуваат малечките кои се лекуваат на одделението за онкологија во болница во Атина.
Проектот за некој вид на божиќна прослава е во соработка на Министерството за управување со кризи и Пожарникарната бригада, кои велат дека иако оваа година било малку поголем предизвик да се организира настанот заради пандемијата, сепак е непроценливо кога ќе се погледне сјајот во очите на дечињата кои чувствуваат неизмерна радост кога ќе го видат Дедо Мраз.
М. М. | Црнобело / Извор