Новогодишната магија пристигна во Париз - Фотки од раскошната елка во Галерија Лафајет
- Детали
- среда, 25 ноември 2020
Galeries Lafayette имаат традиција секоја година одново и одново да воодушевуваат со раскошот, гламурот и креативноста на нивната новогодишна елка.
Иако 2020-та како година можеби не беше сјајна, галерија Лафајет се потрудија нивната елка да биде.
Поставена во средиштето на просторот, веднаш под куполата.
Овогодишната елка е украсена со илјадници сијалички кои се палат на секој половина час, но и со десетици подароци кои се донесени од девојка по име Celeste, која патува на најнеистражените простори од земјата.
Со оглед на тоа што патувањата ни се „слабост“ оваа година и неостварен сон, атмосферата во трговската куќа ја дополнуваат излозите кои се украсени како да се дел од Северниот Пол.
Како изгледа новогодишната магија и елката во Галерија Лафајет за 2020-та?
М. Д. | Црнобело