Забрането за патници без ковид-19 вакцина: Австралиска авиокомпанија најави строги правила за безбеден лет

Авиокомпаниите низ светот постојано се во потрага по безбедни протоколи за патувања, а директорот на Qantas најави дека е можно летањето со нив да биде забрането за патници кои не примиле вакцина против ковид-19.

zabraneto-za-patnici-bez-kovid-19-vakcina-avstraliska-aviokompanija-predlozhi-strogi-pravila-za-bezbeden-let-01.jpg

Засега интернационалните летови во Австралија се забранети, но кога повторно ќе се вратат во нормала, што се очекува да биде следната година, се планира да се воведат нови правила за безбедност на патниците.

Во неколку интервјуа за австралиски телевизии, извршниот директор на авио-компанијата Qantas, Алан Џојс, потврди дека ќе бараат од луѓето потврда за вакцинација пред да влезат во авион.

„Бараме промени во условите за патување за интернационални патници, кои ќе бараат од луѓето да имаат вакцина пред да се качат во авион. Задолжителното вакцинирање за домашни летови ќе зависи од тоа што ќе се случува со ковид-19 во тој период, но за интернационални патници и за наши граѓани кои ја напуштаат земјата, мислиме дека тоа ќе биде неопходно“ – изјавува тој.

Според Министерството за здравство, во Австралија се планира програмата за вакцинација да започне во март 2021, а вакцината ќе може да ја примат граѓаните кои доброволно ќе се пријават.

zabraneto-za-patnici-bez-kovid-19-vakcina-avstraliska-aviokompanija-predlozhi-strogi-pravila-za-bezbeden-let02.jpgфото: depositphotos.com

Џојс кажува дека најостварливо би било доказот за вакцинација да се чува во дигитален пасош, но тоа е уште план кој се развива од страна на авиокомпаниите и властите низ светот.

Инаку, тој тврди и дека Qantas не е единствената авиокомпанија која би сакала да го воведе овој план, со оглед на тоа што разговарал со колеги во други компании низ светот и мисли дека тоа ќе биде одлука на глобално ниво.

zabraneto-za-patnici-bez-kovid-19-vakcina-avstraliska-aviokompanija-predlozhi-strogi-pravila-za-bezbeden-let03.jpg

Сепак, ова уште не е официјална информација и не може со сигурност да тврдиме што ќе се случува наредната година со авиокомпаниите низ светот.

Мислењата за овој план се поделени – што мислите вие за ова?

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...
„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Мела... По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на со...
Родила 51 дете, па направила операција за да не забременува - Која е „најплодната жена во светот“? По присилниот брак со многу постар маж, Маријам од Уганда првпат родила кога бил...
Ги прекрши правилата на настапот, страда од АДХД – Која е Иркинката што изведе сатанистички ритуал н... Како тинејџерка била принцеза на роденденски забави за деца со посебни потреби, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg