Шокантни кутии за цигари
- Детали
- петок, 08 април 2011
Според законот во Австралија, од 2012 година цигарите ќе се продаваат во универзални кутии кои се облепени со шокантни фотографии и натписи.
Во универзалните кутии ќе се продаваат сите марки на цигари со што производителите ќе ја загубат најважната алатка за создавање имиџ и диференцијација. Имено, на кутиите нема да смеат да го истакнат името на марката, ниту пак логото и боите.
Целта на новите кутии е буквално на сите да им се згади од пушењето. На нив ќе има личности заболени од рак на усната шуплина, грлото, белите дробови како и деца кои имаат проблеми со дишењето. Пораката е јасна – пушењето веќе не е кул и нема врска со гламурот.
Статистиките покажуваат дека годишно 15.000 австралијци умираат како последица од пушењето.