ЕФСА ја отпочна кампањата „Стоп за африканската свинска чума“ во Југоисточна Европа

Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) отпочна голема кампања за подигање на свеста и помагање да се спречи ширењето на африканската свинска чума во Југоисточна Европа

efsa-ja-otpochna-kampanjata-stop-za-afrikanskata-svinska-chuma-vo-jugoistochna-evropa-01.jpg

Кампањата е наменета за земјите за кои ЕФСА во 2019 година идентификуваше дека колективно сочинуваат „ризичен регион“ поради нивната непосредна близина со земји каде што е присутна африканската свинска чума. Овие земји се Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Словенија.

Нашата кампања има за цел да ги дополни постоечките активности на Европската комисија и други меѓународни организации кои работат на искоренување на болеста во Европа.

Што е африканска свинска чума?

Африканската свинска чума (АСЧ) е вирусно заболување кое ги напаѓа домашните и дивите свињи. Овој вирус е безопасен за луѓето, но предизвика значајни економски нарушувања во многу земји. Сè уште не постојат вакцини за АСЧ, па затоа појава на болеста може да изискува колење на голем број свињи од одгледувачници во зафатените области.

Цели и публика

Оваа кампања има за цел да ја зголеми свеста и знаењето за АСЧ во сите девет земји. Наменета е за групи на луѓе и поединци кои се во контакт со домашни и диви свињи, како што се фармери и ловџии. ЕФСА исто така ќе оствари соработка со ветеринарни организации, ловџиски здруженија, фармерски групи, царински службеници, гранична полиција, локални самоуправи, туристички организации и патници.

Препознајте, спречете, пријавете

Со оглед на тоа што појавата на АСЧ може да има катастрофални последици, препознавањето, спречувањето и пријавувањето се особено важни за да се заузда оваа болест. Ова се клучните зборови на нашата кампања.

Ние ќе споделуваме документи со податоци, инфографици, објави за социјални медиуми кои се подготвени за употреба и други материјали. Дознајте повеќе за АСЧ на веб-страницата на кампањата: www.efsa.europa.eu/StopASF

Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...
„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“ „Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во ...
16 години ја крие од целиот свет – Која е сопругата на „крвавиот принц“ од Саудиска Арабија? Западните медиуми пишуваат дека еднаш била толку претепана што морала да заврши ...
„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg