9 годишно детенце секој ден пешачи 10km за да заработи пари за храна и училиште
- Детали
- четврток, 17 септември 2020
Пандемијата остави многу луѓе низ светот без приходи. Приказната за ова детенце чие семејство е на работ на егзистенцијата ги расплака и растажи сите.
На улиците во Индонезија, облечен како маскота, 9-годишниот Рехан секое утро пешачи 10 километри до работното место, каде го облекува костимот и работи.
Тој ги анимира возачите во големата гужва на главна улица во Калимантан, а кој сака, може да му остави парички.
Рехан мора да обезбеди пари за училиште и кирија.
Живее со самохрана мајка која исто така работи на неколку места за да обезбеди можност за прехранување.
„Платата не е лоша, имам доволно за да купам ориз и да го однесам дома.“
Неговата приказна го обиколи светот и многу луѓе наоѓаат начини за да му помогнат со парични средства.
Прочитајте и: Фотографија од детенце како плаче на пат го растажи регионот - приказна која е секојдневие и кај нас
Е. П. | Црнобело