Почина Елизабет Тејлор
- Детали
- среда, 23 март 2011
Холивудската легенда Елизабет Тејлор, која стана филмска ѕвезда уште како дете, почина денес во Лос Анџелес на 79 годишна возраст. Нејзините деца биле покрај неа...
...во моментот на нејзината смрт. Тејлор била сместена во Cedar-Sinai Medical Center во Лос Анџелес шест недели.
Таа филмската кариера ја започна уште како дете и се појави во повеќе од 50 филмови. Доби Оскари за улогите во филмовите „Butterfield 8“ и „Who's Afraid of Virginia Woolf?“
Таа беше подеднакво позната по исклучителната убавина и по нејзиниот бурен личен живот, вклучувајќи осум брака и серија заболувања.
Во последните години таа беше поборник за хуманитарни цели, вклучувајќи го и истражувањето за СИДА-та. За таа активност доби специјален Оскар во 1993г.
„Мојата мајка беше исклучителна жена која го живееше животот во потполност, со голема страст, хумор и љубов“ изјавил нејзиниот син Michael Wilding.