Инспиративна приказна за Милица од Србија: Останала неподвижна, но тоа не ја спречило да го освојува светот со момчето

Инспиративна приказна за 26-годишната Милица, која останала инвалид во сообраќајна несреќа, а сега е на мисија со нејзиното момче да открие што повеќе убавини низ Србија, па овие момци случајно се нашле и им помогнале да стигнат до видиковецот каде Милица за првпат ја имала пред себе планината Тара на дланка.

inspirativna-prikazna-za-milica-od-srbija-ostanala-nepodvizhna-no-toa-ne-ja-sprechilo-da-go-osvojuva-svetot-so-momcheto-001.jpg

На социјалните мрежи се прошири приказна која ќе ви ги стопли срцата, а докажува дека некои луѓе едноставно знаат како со малку труд да направат некого пресреќен.

Станува збор за приказна која ја раскажуваат неколку момци, а беше објавена на Фејсбук:

„Со друштвото бевме на Тара до видиковецот Бањска стена и уживавме во погледот. По некое време одмор тргнавме назад. Кога стигнавме долу, покрај патот надовме на дечко со девојка во инвалидска количка, и нѐ праша каков е патот до видиковецот. Му рековме дека патот е многу лош и со камења и дека нема да можат со количката до горе. Ни се заблагодари и тргна да ја разгледува патеката.

Со друштвото продолживме понатаму и по 0 метри донесовме едногласна одлука да се вратиме и да му помогнеме на дечкото да ја однесе својата девојка до Бањска стена. Успеавме, изодевме до видиковецот, а малку е да се каже дека девојката беше пресреќна.

Првпат пред себе ја имаше Тара на дланка. Оваа фотографија ја направивме кога се вративме, а парот не замоли да се сликаме за овој ден да им остане спомен.“

drushtvo-od-srbija-mu-pomognalo-na-momche-da-ja-kachi-devojka-mu-vo-invalidska-kolichka-do-vidikovec-na-tara-02.jpg

Всушност станува збор за Милица Кнежевиќ, 26-годишна девојка која во 2009-та година имала сообраќајна несреќа, откако прифатила да се вози со некој кој претходно бил во кафеана со цел да стигне до местото каде нејзиното момче имало натпревар, но возачот ја изгубил контролата.

Во несреќата таа се здобила со кршење на кичмата и уште многу повреди, а докторот прогнозирал дека најверојатно животот ќе го помине во кревет.

Со тек на време почнала да вежба и да се обидува да ги прави сама работите, а потоа почнала и со пливање и веслање, патување и секакви други активности кои доликуваат за една млада девојка. Потоа го отворила нејзиниот блог „Одбери да живееш“ каде ги раскажува нејзините искуства кои ги доживува, без притоа инвалидската количка да ѝ биде терет.

Таа е вистинска инспирација, а во сето ова и помага нејзиното момче кое ѝ ги прави реалност сите нејзини соништа.

Моментално тие се на авантура и патуваат низ Србија на сите места каде претходно не биле, за заедно да можат да уживаат во убавините, но истовремено и да проверат кои места се достапни за луѓе со инвалидитет.

Така всушност настанала оваа приказна со момците кои ѝ помогнале на Милица и нејзиното момче да стигнат до видиковецот на Тара и да направат супер фотки.

drushtvo-od-srbija-mu-pomognalo-na-momche-da-ja-kachi-devojka-mu-vo-invalidska-kolichka-do-vidikovec-na-tara-03.jpg

Во продолжение фотки од авантурите на Милица и нејзиното момче – инспирација дека никогаш не треба да се откажете:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милје, машина за шиење: Kуќата на една бабичка (83) од Србија ќе ви врати спомени „Мојата баба е жена која има 83 години и иако не се школувала доволно, таа е инт...
Милена Радуловиќ: „Ако имав ќерка ќе ѝ кажев - Ако момче те тепа или допира, тоа не е затоа што му с... Милена Радуловиќ, која го обвини за силување својот професор по глума Мирослав М...
Србинка во солзи: „Ова ти е Америка - работиш за да умреш сам“ „Ова ви е Америка. Моментално сум пред болница. Моја колешка од работа која има ...
Татко ѝ е милионер, студирала глума – Која е Марија Балабан, девојката на Раста? „Има милиони, но сепак е скромна. Долго чекав да запознаам жена која е сосема по...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Едвај преживеал кога имал 14 години, пред Богдана го поврзуваа со старлети – Факти за Вељко Ражнатов... Пред да стапи во брак со Богдана го поврзуваа со голем број познати белграѓанки,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg