Исповед на Миа Калифа: „3-те месеци во порно индустријата ме демнат и 6 години подоцна“

„Всушност е многу полесно отколку што мислите. Некој ми пријде, ми даде бизнис картичка и ме праша дали сакам да бидам модел. Ја отворив веб-страната и видов многу разголено манекенство. Отидов кај нив и канцелариите изгледаа нормално. Не е ништо страшно како во филмовите и изгледа сосема нормално, сите те поздравуваат и ти се смешкаат, а не си опкружен со страшни мажи туку со фини жени.

Ми направија тура, ми ги покажаа студијата, жена ме шминкаше, жена ме облече, имаше многу жени околу мене. Имаше многу луѓе кои ти прават безбедно чувство и ти покажуваат дека си убава, па сето тоа те тера да продолжиш и прифатиш понуди. Кога се вклучија светлата, адреналинот ме носеше и не се ни сеќавав на ништо. Но, сето тоа внимание што го добивав ме натера да продолжам.“

Ова чувство Миа го споредува со зависност од која не е лесно да се откажеш, бидејќи ако кажеш „не“ имаш чувство дека сите врати се затвораат за тебе.

„Исто така, бев во соба со неколку мажи кога го потпишував договорот и раката ми се тресеше толку многу, не можев ни да се сконцентрирам на еден збор од договорот. Сепак е притисок и се плашиш да поставиш прашања да не звучиш глупаво.“

ispoved-na-mia-kalifa-3-meseci-vo-porno-industrijata-me-demnat-6-godini-04.jpg

Всушност таа смета дека ова го прават намерно, бидејќи ако отидеш кај адвокат со договорот, никој нема да ти каже дека е во ред да го потпишеш, бидејќи со тоа се откажуваш од животот.

„Немам никакви права над фотографиите, видеата или која било содржина. Тие имаат целосна контрола над тоа и одбиваат да ми го дадат мојот домен. Имам заштитна трговска марка над моето име, но сепак не ми го даваат.

Се обидувам да почнам нов живот и да се омажам, да зачувам пари за кога ќе имам дете, па застрашувачки е да тргнеш по судски пат против овие огромни бизниси. Им понудив да го купам името на доменот, но велат дека би го споделиле профитот само ако продолжам да снимам видеа за нив. Иако веќе не сум дел од индустријата, тие ги добиваат сите пари од содржината која уште е онлајн и над која немам никаква контрола за да ја отстранам.“

ispoved-na-mia-kalifa-3-meseci-vo-porno-industrijata-me-demnat-6-godini-05.jpg

За крај, таа вели дека од една страна се срами од минатото, но се гордее на сето она што успеала да направи потоа. Не оди на забави, не излегува во клубови и ретко го напушта домот освен ако не мора.

„Сакам само луѓето да знаат дека сум нормална личност.“

ispoved-na-mia-kalifa-3-meseci-vo-porno-industrijata-me-demnat-6-godini06.jpg

На следната страна факти за животот на Миа Калифа и фотки од неа и вереникот...


Би можело да ве интересира:

„Имам над 50 алергии на храна – соучениците во средно ми подметнуваа јатки за да видат што ќе ми се ... „Првиот пат кога паднав во анафилактичен шок чувствував како грлото ми се затвор...
Поранешен порно актер со исповед: „Земав лекови за да имам неколкучасовна ерекција, сега имам послед... Некогаш морал да зема лекови за по неколку часа да има ерекција, а денес вели де...
Исповед на маж: „Ја започнав процедурата за да станам трансродова личност – пресреќен сум што се отк... „Има луѓе кои не се трансродови и промената на полот им е начин за да станат нов...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
Исповед на жена: „Родена сум од сурогат мајка – Како тоа се одрази врз мојот живот?“ „Моите родители беа многу богати и живеевме во прекрасни палати. Материјално не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg