Исповед на Миа Калифа: „3-те месеци во порно индустријата ме демнат и 6 години подоцна“
- Детали
- среда, 24 јуни 2020
Сега е спортски коментатор, модел и инфлуенсер, но 3-те месеци во порно индустријата на 21 година, ѝ создаваат притисок и ден-денес, бидејќи секаде ја препознаваат и осудуваат, па не може да продолжи со нормален живот - Миа во интервју отворенo зборува за нејзината судбина.
Миа Калифа е поранешна порно актерка, која била дел од индустријата 3 месеци, а потоа решила дека сака да продолжи со нормален живот, но за жал, тие 3 месеци биле доволни за да стават огромна црна дамка врз нејзиното име, која и 6 години подоцна не избледела.
Нејзината приказна – девојка која од Либан дошла во Америка, од анонимна станала позната во светски размери, но до ден-денес се бори да биде прифатена во општеството, таа ја раскажува во интервју за HERO Magazine во кое си ја отвора душата.
Иако оваа исповед можела да ја направи на социјалните мрежи, таа избрала да го направи тоа преку медиумите, со цел за првпат од нивна страна да биде вистински пренесена нејзината приказна, без осудувања и луѓето да дознаат нешто повеќе за неа, покрај она што веќе го знаат од видео содржините за возрасни.
„Сакам луѓето да знаат дека сум многу повеќе од тоа што бев порано, неколку месеци од мојот живот. Со тоа што влегов во порно индустријата, за жал сама на себе си зададов удар и никогаш нема да можам да имам кариера која не е во очите на јавноста.
Се обидував 1 година. Ја напуштив индустријата, го изгубив Инстаграм профилот, ја скратив косата и ја офарбав руса, што дури излезе портокалова и ужасна. Се трудев многу да имам нормален живот, работев на две места кои немаа врска со забава и шоубизнис. Но, секаде бев препознаена.
Тешко беше да имам нормална работа, бидејќи тоа не влијаеше само на мене, туку и на оние околу и над мене, кои решија да ми дадат шанса. Предизвикував непосакувано внимание кон фирмите. Тогаш се преселив и повторно отворив Инстаграм профил, кој доби одеднаш многу следбеници.“ – вака Миа го започнува интервјуто.
Таа се преселила од Либан во Америка во 2001 кога се случи 11-ти септември. Била малтретирана од децата во училиште и се соочувала со расизам бидејќи била со потемна боја на кожа и тој период имала лош арапски акцент – „сите ме гледаа како терорист и дури тоа и ми беше прекарот, бидејќи бев единствена девојка од Средниот Исток во училиштето. Децата се злобни“.
Нејзиното семејство очекувано било традиционално и не ја разбирало американската култура и начин на живот, па таа наидувала на многу отпор кога сакала да прави нешто што таму е нормално, како преспивање кај пријатели.
Таа вели дека се чувствувала различно од другите и се потсетува дека никогаш не ѝ било сеедно да влезе во просторија со слаби, високи девојки со бела боја на кожата. Се чувствувала помалку вредно и непосакувано, ѝ било потребно внимание и токму тоа ја натерало да влезе во индустријата за возрасни.
„Наполнив 21 година и веќе не бев во училиште опкружена со бели девојки. Бев во Ел Пасо, со прекрасни девојки од Мексико, Колумбија, Куба и одеднаш добив внимание од мажите со кое не знаев што да правам и како да се однесувам.“
Во интервјуто понатаму, Миа раскажува како всушност се влегува во оваа индустрија, односно како изгледа тоа во пракса и како излегла од индустријата...