Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како ќе знаеме дали хотелот е „чист“ после пандемијата на корона вирусот?

Иако поголем дел од светот е сѐ уште во карантин заради корона вирусот, хотелскиот менаџмент е во подготовка за враќање на работа.

kako-ke-znaeme-dali-hotelot-e-cist-posle-pandemijata-na-korona-virusot-01.jpg

Еден од најголемите предизвици ќе биде да се врати довербата на гостите со тоа што ќе гарантираат дека нивните сместувачки капацитети се сигурни и чисти за користење.

Пред пандемијата сигурно не ви паднало на памет кој сè спиел во собата пред вас, кој го допирал далечинскиот управувач од телевизорот, климата и дали се дезинфицирани соодветно, сте верувале дека е доволно исчистено. Но, сега сме сигурни дека сето ова ќе изгледа поинаку.

Сингапурската туристичка канцеларија воведе инцијативата наречена SG Clean која  вклучува 7 критериуми за безбедност и чистота, а кои ќе треба да ги исполнуваат сите хотели за да добијат сертификат за работа.

kako-ke-znaeme-dali-hotelot-e-cist-posle-pandemijata-na-korona-virusot-03.jpg

Само оние хотели кои ќе се придржуваат до строгите правила за хигиена и сигурносни протоколи, ќе добијат зелено светло од SG Clean.

Малезија, исто така, почна да имплементира слична програма наречена Clean&Safe Malаysia, а која вклучува посебен надзор за хигиената во хотелите. Надзорот го прават трети лица кои немаат никаква поврзаност со хотелите и вработените.

kako-ke-znaeme-dali-hotelot-e-cist-posle-pandemijata-na-korona-virusot-02.jpg

Туристичките експерти се согласуваат дека ќе бидат потребни големи промени во хотелиерството.

Превенцијата на заразата ќе мора да се прави уште при влегување во хотелите каде е пожелно да има врати со сензори за автоматско отворање без да се допираат кваките. Многу од хотелите поставија и портири со заштитна опрема кои ќе ја отвораат вратата на гостите и ќе им нудат средство за дезинфекција.

Маските и заштитните ракавици веројатно ќе станат стандарден дел од униформата на хотелските работници, додека шишенца со средства за дезинфекција ќе има на секој агол низ хотелите. Просториите ќе се бришат со средство за дезинфекција после секој гостин – од справите за вежбање до столиците во рестораните.

kako-ke-znaeme-dali-hotelot-e-cist-posle-pandemijata-na-korona-virusot-05.png

Хотелите би можеле и да ја мерат температурата на гостите при влез во хотелот. Повеќе внимание ќе се насочи на бесконтактно работење.

Се очекува пораст на онлајн услугите за чекирање на собите, користење дигитални клучеви, мобилно плаќање и сл.

Некои хотели планираат да вклучат и напредна технологија во своето работење како ултравиолетово светло за елиминирање на бактериите, вирусите и други микроорганизми во собите.

kako-ke-znaeme-dali-hotelot-e-cist-posle-pandemijata-na-korona-virusot-04.jpg

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...
Татко и ќерка со ангелски крилја – Нова статуа од Коби Брајант и Џиџи од нивниот последен изгледан н... Лејкерси ја открија најновата статуа од прерано починатите Коби Брајант и ќеркич...
Татко си е татко – Џо Бајден го спаси синот од затвор, иако му се закануваа 17 години зад решетки До 17 години зад решетки и парична казна од 1,3 милиони долари - со оваа казна с...
Загриженост за здравјето на астронаутите заглавени на Меѓународната вселенска станица – враќањето се... Суни Вилијам (59) и Буч Вилмор (61) ќе останат во Меѓународната вселенска станиц...
„Преживеав мозочен удар на 33 години - како илјадници игли да ме боцкаа во мозокот, се разбудив од с... „Не се чувствував добро, имав посилна болка од вообичаено. Се чувствував како ил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg