Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Банско им нуди бесплатен викенд на медицинските лица од првите борбени редови со COVID-19

Најпопуларниот ски центар во Бугарија планира да ги награди медицинските лица со бесплатен ски викенд наредната зима, во знак на благодарност за она што го прават за нивната земја и граѓани.

bansko-im-nudi-besplaten-vikend-na-medicinskite-lica-od-prvite-borbeni-redovi-so-covid-19-01.jpg

Ски компанијата Ulen во соработка со општина Банско и различни хотелиери, сака да им овозможи бесплатен викенд-одмор на сите медицински лица во земјата кои се бореле во првите борбени редови за време на пандемијата.

Тоа вклучува бесплатно сместување во хотели, бесплатни оброци, бесплатни ски билети ако се потребни, бесплатни часови за скијање и бесплатно изнајмување на ски опрема.

„Преку оваа иницијатива сакаме да им покажеме благодарност на докторите, медицинските сестри, екипите од амбуланта и итна помош и волонтерите за нивната посветеност и храброст. Горди сме што ќе ги поддржиме медицинските лица кои работат повеќе од 2 месеца без одмор. Сакаме да ги угостиме кај нас како специјални гости.“ – изјави Иван Обрејков, маркетинг директор на Ulen.

Инаку, Банско беше едно од најтешко погодените места во Бугарија од вирусот, па заради тоа единствено таму имаше целосен карантин и беше целосно затворено.

Сега тој тежок период е надминат, па од ски центарот сакаат да им се оддолжат на здравствените работници за тоа што се нивни херои и заштитници – секоја чест!

На здравствените работници навистина им е потребен таков одмор и заслужуваат да бидат почестени според заслугите – пример за сите земји!

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кафе со шеќерна волна и уште 15 фото-докази колку уникатна земја е Кина Во трговски центар има „остава за мажи“, односно место каде жените може да си ги...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
15 причини зошто Норвешка е уникатна земја (и вреди да ја посетите) Од автобуска станица со книги за да читате додека чекате до сендвич со ракчиња, ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...
Детски парк во Јапонија е сон на секој родител од Македонија (видео) Зип лајн, тобогани, авантуристички мостови.... За забавни паркови како во Јапони...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg