Пластична хирургија во 1597г.
- Детали
- четврток, 30 декември 2010
На недамнешна аукција е откриена книга од 1597 година чија тема е козметичката хирургија за ранетите во борба. Книгата ја напишал...
...Гаспаре Таљиакози, а ја купил познат козметички хирург денес, за 11.000 фунти.
Иако станува збор за најстарата книга која се бави со козметичката хирургија, нема доказ дека такви операции се случувале сè до XVIII век. Книгата која во XVI век ја напишал професорот по хирургија и анатомија од Болоњскиот Универзитет, Гаспаре Таљиакози, е во секој случај спектакуларно откритие бидејќи содржи детални скици за тоа како тогаш се правела рино пластика.
Книгата “De Curtorum Chirurgia Per Insitionem” обработува операции кои се наменети за поправање на штета на лицето настаната како резултат на борба. Книгата е напишана на латински, а е и илустрирана со најразлични скици.
Еден од козметичките зафати кои се опишани во книгата е ринопластиката т.е. во случајов пресадување на кожа од бицепс на нос. Многу е необично што така детално разработените методи повторно отишле во заборав по смртта на авторот.
“Методите кои се опишани во книгата, веројатно не биле одобрени од црквата, па затоа биле изгубени по смртта на авторот.” нагаѓа Крис Албури кој работи за лицитациската куќа Доминик Винтер.
Што е поважно е дека високиот квалитет на на дизајнот на книгата веројатно би ги засрамил повеќето денешни издавачи.