Зависник од дрога, лежел затвор и останал инвалид - кој е првиот сопруг на Снежана Маркоски?
- Детали
- вторник, 30 јули 2019
Атрактивната Македонка денес води живот од соништата со својот втор сопруг во Австралија, но какви трагедии се случиле во нејзиниот прв брак?
Снежана Маркоски, која се прослави со шоуто „The Bachelor Australia's“, сега е во среќен брак со Сем Вуд и од вториот брак со него има 2 ќерки.
Но, македонската убавица има една ќерка од првиот брак. Кој бил нејзиниот прв сопруг?
Тој има криминално досие и кога ја прашуваат за него, таа вели:
„Има лични работи кои сакам да ги блокирам поради сите негативни емоции кои може да ми се родат оттаму.“
Нејзиниот прв сопруг Џејсон Рапоф лежел во затвор поради обвиненија за дрога.
Џејсон бил мотокрос шампион, но само неколку месеци по стапувањето во брак со македонската убавица тој бил осуден на 12 месеци затвор бидејќи бил фатен со метамфетамини и огнено оружје.
Бракот на Снежана и Џејсон траел само една година. Тие се разделиле во 2005 година, кога нивната ќерка имала само 2 месеци.
Шест месеци пред разделбата Џејсон настрадал во сериозна несреќа со велосипед, каде го скршил вратот и останал инвалид.
„Не се справив добро со тоа што ми се случи, паднав во депресија и ги оттурнав саканите од мене, тоа беше тешко време“, изјави Џејсон во една пригода и откри дека токму во тој период од човек кој земал од време навреме дрога станал сериозен зависник.
Потоа во 2010 година повторно завршил во затвор поради обвиненија за дрога.
Снежана не сака да коментира за овој дел од животот и вели дека тоа е приватна работа.
Прочитајте и Македонката Снежана Маркоски, која е хит во Австралија, стана мајка по трет пат!
С. С. | Црнобело