Џејсон Стејтам, Конор МекГрегор и многу други кои го прифатија новиот вирален предизвик (видео)
- Детали
- четврток, 04 јули 2019
Џејсон Стејтам, Конор МекГрегор и Гај Ричи, се само дел од славните кои го прифатија предизвикот на отворање шише со нога, а предизвикани се и Џеки Чен, Дејвид Бекам и Вил Смит.
На социјалните мрежи познатите личности се предизвикуваат меѓусебно за најновиот вирален предизвик – отворање капаче на шише со нога, со користење на импресивни движења инспирирани од боречките вештини.
Предизвикот го започна експертот во Теквондо, познат како Мастер Фа, кој прв го објави видеото од себе на Инстаграм, во кое ги предизвика Џејсон Стејтам, Конор МекГрегор, Жан Клод ван Дам и Џеки Чен.
Џејсон Стејтам и Конор го прифатија предизвикот и успешно „одговорија“ на него со нивните импресивни вештини, а истиот вирално се прошири на социјалните мрежи.
Додека ги очекуваме вештините на Бекам, Џеки Чен и останатите предизвикани, погледнете ги најдобрите обиди досега:
Бонус:
М. М. | Црнобело