Британци кои не слушнале за крема за сончање (фото)
- Детали
- вторник, 02 јули 2019
Топлотен бран и високи температури + Британци е лоша комбинација, која секогаш завршува со „црвени последици“.
Иако дел од Европа се соочи со топлотен бран и жештините се неиздржливи, сепак доколку се придржувате до правилните начини за заштита од сонцето, ќе поминете без последици.
Но, Британците немаат никаква мерка, а кога станува збор за сонце, тие се први на удар со последици од изгореници, за што докторите предупредуваат дека може да биде сериозен проблем кој влијае на здравјето.
Викендов, температурите во Велика Британија биле превисоки за нив, а секако, тие биле неподготвени за толку голема жештина, па заборавиле да користат креми за сончање и да се заштитат од сонцето.
Последиците, секако се огромни изгореници од сонце и траги по кожата, а дел од нив споделиле фотки од ужасните „исончани линии“.
Не дозволувајте да ви се случува ова - мини галерија од „испечени“ Британци:
М. М. | Црнобело