„Беше како зоолошка“ - сведоштво за турканицата на Монт Еверст, каде загинаа 10 луѓе

Доктор од Аризона открива детали за суровата планинарска тура поради која во последните 2 месеци згаснаа најмалку 10 човечки животи.

beshe-kako-zoo-svedoshtvo-za-turkanicata-na-mont-everst-kade-pochinaa-100-lugje-01.jpg

Ед Дохринг, доктор од Аризона, сонувал целиот свој живот да се искачи на врвот на Монт Еверест. Но, кога конечно заминал на своето патување од соништата во мај 2019, бил вчудовиден од тоа што го пречекало.

Луѓето што се качувале, се туркале за да си направат селфи, чекал со часови во ред за да се искачи на замрзнат карпест терен со провалии од сите страни. Тој дури морал да го пречекори телото на една жена што починала таму.

beshe-kako-zoo-svedoshtvo-za-turkanicata-na-mont-everst-kade-pochinaa-100-lugje-03.jpg

„Беше страшно. Беше како зоолошка градина“, изјавил тој преку телефон од Катманду, Непал.

Ова беше една од најсмртните сезони на искачување на Еверест со најмалку 10 жртви. И барем некои од нив можеа да бидат избегнати.

Проблемот не биле ниту лавини, ниту неповолни временски услови со силни ветришта, туку преголемиот број издадени дозволи за искачување на планината, како и голем број на неискусни планинари.

beshe-kako-zoo-svedoshtvo-za-turkanicata-na-mont-everst-kade-pochinaa-100-lugje-04.jpg

Владата на Непал со цел да заработи што повеќе дала премногу дозволи. Резултатот бил турканица на височина од 8.800 метри, каде не се дозволени ниту најмали грешки и човековата хуманост е ставена на тест.

Планинарите исфрлале опрема и оставале само канистри со компресиран кислород за да стигнат до врвот и назад.

Само еден-два часа задржување горе може да значат смрт. Тешко е да се размислува во таква состојба.

Проблемот е што Непал нема строги правила за тоа кој смее да се качува на Еверест и тоа е рецепт за катастрофа.

beshe-kako-zoo-svedoshtvo-za-turkanicata-na-mont-everst-kade-pochinaa-100-lugje-02.jpg

Последен пат кога загинаа 10 или повеќе луѓе на Еверест беше во 2015 година поради лавина.

Годинава непалската влада издаде рекорден број од 381 дозвола за качување и виновник за тоа е корупцијата во непалската влада. Мај е најдоброто време за искачување, па затоа толку многу планинари го избрале токму овој период.

Во вакви ситуации многу луѓе паничат за себе и никој не размислува за тие што се онесвестуваат или умираат. Резултатот е вистинска трагедија.

Снимка од британски планинар на Еверест, кој потоа почина:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“ „Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во ...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...
Исповед на маж: „Ја започнав процедурата за да станам трансродова личност – пресреќен сум што се отк... „Има луѓе кои не се трансродови и промената на полот им е начин за да станат нов...
Дете на 2-годишна возраст се искачи до камп на Монт Еверест на 5.364 метри и сруши рекорд (фото) Со своите две години, малиот Картер од Англија стана најмладата личност која сти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg