„Ги учите луѓето како да бидат глупави“ – Критики за парот кој си го ризикува животот за добра фотка
- Детали
- четврток, 11 април 2019
Уште еден Инстаграм пар се соочи со критики откако објави фотка со поза која е ризична по живот и остава погрешна порака.
Американските блогери за патување, Кели и Коди, кои се моментално во Бали, споделија фотка од базен од кој девојката виси среде џунгла, додека момчето ја држи и се бакнуваат.
Авантуристичкиот пар посочи дека тоа го правеле многу бавно и внимателно додека се местеле за поза и нагласија дека многу си веруваат еден на друг, па затоа се одлучиле на овој ризичен чекор.
Иако фотката изгледа совршено, сепак, тие се соочија со многу критики, бидејќи тоа е многу опасна поза, која многумина може да сакаат да ја копираат и да си го стават животот во ризик само за да добијат повеќе лајкови.
Покрај критичарите, се наоѓаат и многу фанови кои се восхитуваат на нивната храброст, но не може да се занемарат оние кои сметаат дека со овие потези тие ги учат луѓето да бидат глупави и да си го ризикуваат животот.
Што мислите вие за потегот на овој пар и на уште многу други кои си го ризикуваат животот или ги тераат другите на тоа, само за да соберат повеќе лајкови на фотките?
Погледнете повеќе фотки од парот кој ужива во егзотичните патувања низ светот: