„Се потев, го држев здивот и се покривав со јакна за да нема отсјај“ - Поларната светлина „уловена“ од авион
- Детали
- петок, 01 март 2019
Додека летал над Норвешка, фотограф не ја испуштил можноста да ја документира магичната поларна светлина, а според искуството што го расакажува, мисијата не била воопшто лесна.
Еспен Бергерсен додека летал над Норвешка забележал како поларната светлина „танцува“ по темното небо и дал сè од себе да ја фотографира.
За да успее да ја долови светлината на фотографија, Еспен ја искористил неговата јакна за да го покрие прозорецот и да спречи отсјај од светлата во авионот, а за цело тоа време си го држел и здивот за да не се навлажни стаклото.
Благодарение на неговата професионалност и напор, успеал да добие неверојатно чиста слика од овој феномен, фотографиран од авионско седиште.
„Се потев како прасе! Фотографирањето на аурора од авион е со сигурност многу тешка работа! Сигурен сум дека стјуардесата се чудела што прави овој патник скриен под јакната.“ – споделува Норвежанецот.
38-годишниот фотограф има одлични техники за да ја улови поларната светлина со целиот свој сјај, а има направено и други магични фотки од аурора бореалис.