Светски туристички атракции кои за малку ќе биле уништени
- Детали
- петок, 08 февруари 2019
Можете ли да го замислите Париз без својот симбол? Или Њујорк без Статуата на слободата?
Постои интересна листа на светски туристички атракции кои требало да бидат уништени поради погрешни одлуки, војни и слично.
Ајфеловата кула
Можеби звучи незамисливо, но граѓаните на Париз не секогаш имале симпатии кон најпознатата кула во светот. Кога кулата била изградена за потребите на Светската изложба, во 1889 година, многу луѓе биле револтирани, а пред почетокот на изградбата се потпишувале и петиции против изградбата.
Со текот на времето, граѓаните ја прифатиле кулата и почнале да се гордеат со неа.
Статуата на слободата
Кипот на слободата е подарок од Французите за Американците, но според приказните, градителот Аугуст Бартолди сакал статуата да биде наменета за отвoрањето на Суецкиот канал.
Меѓутоа, кога таа идеја била отфрлена, решено е статуата да им се подари на Американците за прославата на слободата и демократијата на младата земја.
Белата куќа
Белата куќа е симбол на американските претседатели, но во 1814 година, Вашингтон речиси остана без оваа градба. Тогаш британските војници го нападнаа Вашингтон, а Белата куќа, заедно со други значајни згради, изгоре.
Кога се чинело дека Вашингтон ќе биде уништен се случи чудо. Почна голема бура, проследена со торнадо, која ги уништи британските бродови.
Таџ Махал
Најпознатиот мавзолеј во светот и најпознатото обележје на Индија за малку ќе доживеало тажна судбина. Стотици години по смртта на шахот Џиан, кој го изградил Таџ Махал за неговата сакана сопруга, мавзолејот почна да паѓа во заборав. Во времето на индискиот бунт, кон средината на 1900-тите, Британците од него направиле воена тврдина, а кога си заминале зад себе оставиле пустош.
Во меѓувреме, лорд Бентинк наредил да се срушат многу од спомениците во Индија, вклучувајќи ги и деловите од Таџ Махал, кои требало да бидат продадени на аукција во Европа. За среќа, аукцијата пропадна. Кон почетокот на 20-от век, лорд Керзон даде налог за реставрација на Таџ Махал, па е денес, благодарение на него, мавзолејот зачуван.
Кремљ
Московскиот Кремљ се смета за најзначајно архитектонско достигнување на земјата. Порано бил дом на царевите, а денес е дом на претседателот на Русија. За време на војната помеѓу Русија и Франција, Кремљ бил освоен од страна на Наполеон кој наредил да се уништи.
За среќа, иако некои експлозиви биле детонирани, некои од нив биле деактивирани пред самата експлозија. И покрај големата штета што ја претрпе, Кремљ е успешно реставриран, а денес е еден од симболите на руската моќ.
Ашера | Црнобело