Модели кои ги рушат бариерите во модната индустрија

Идејата за убавина во светот на модата полека почнува да се менува и храбри модели ги рушат бариерите.

modeli-koi-gi-rushat-barierite-vo-modnata-industrija-01.jpg

Иако сè уште постојат стереотипи и верувања дека модели може да бидат само оние со совршено слабо тело и идеално лице без ниту еден недостаток, сепак работите поелка се менуваат.

Моделите како Вини Харлоу, со необични состојби на кожата сè почесто се во фокус на вниманието, а бариерите ги рушат и плус сајз моделите, како и оние со Даунов синдром или други нетипични состојби за модната индустрија.

Овие модели се доказ дека во животот ништо не треба да ве сопре кон остварување на целта:

Vivian Eyo-Ephraim

20-годишниот модел од Нигерија се бори за поголемо признание на плус сајз моделите со облини.

modeli-koi-gi-rushat-barierite-vo-modnata-industrija-02.jpg

Вини Харлоу

Таа е првиот супермодел со витилиго кој прошета на пистата на Victoria’s Secret, а состојбата на кожата не ја спречува да си го оствари сонот.

modeli-koi-gi-rushat-barierite-vo-modnata-industrija-03.jpg

Nyle DiMarco

Тој е модел кој е глув, активист е во заедница за глуви и луѓе со ослабен слух, победил во американско модно шоу, а на глувоста не гледа како на ограничување и успешно ја гради кариерата.

modeli-koi-gi-rushat-barierite-vo-modnata-industrija-04.jpg

Џејми Бруер

Џејми има Даунов синдром, но тоа не ја спречи да прошета на модна писта и да биде пример за сите останати кои треба да го следат сонот.

modeli-koi-gi-rushat-barierite-vo-modnata-industrija-07.jpg

Џилијан Меркадо

Џилијан пати од мускулна дистрофија која ѝ била дијагностицирана на 13 години, а додека растела фантазирала да биде дел од модната индустрија, но не гледала модели кои изгледале како неа на писта или модели во инвалидска количка на насловни страни.

Сепак, таа одлучила дека нејзина мисија ќе биде да ја направи таа промена и ги руши бариерите во овој свет.

modeli-koi-gi-rushat-barierite-vo-modnata-industrija-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
Поранешен порно актер со исповед: „Земав лекови за да имам неколкучасовна ерекција, сега имам послед... Некогаш морал да зема лекови за по неколку часа да има ерекција, а денес вели де...
Важеше за најубавото девојче во светот: Како изгледа денес Русинката Анастасија (13)? На неполни 3 години започна да се занимава со моделинг и е најмладиот модел кој ...
Како изгледа денес Меделин Стјуарт, еден од првите модели со Даунов синдром? „Сите ние сме луѓе и нашите разлики се она што го прави општеството толку убаво,...
Американска премиера на „М“ на Вардан Тозија во срцето на Њујорк Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија денес ја има својата премиера в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg