Airbnb плаќа луѓе да живеат 3 месеци во изолирано италијанско село
- Детали
- среда, 16 јануари 2019
Дали долг одмор во изолирано италијанско село ви звучи како идеален начин за да си ги наполните батериите?
Airbnb одлучи на 4 луѓе да им даде шанса да живеат како локалци во селото Гротоле во Јужна Италија.
Компанијата ќе ви ги плати сите трошоци за живот во селото цели 3 месеци. Во тој период може да научите италијански јазик и да научите да приготвувате тестенини.
Селото има само 300 жители и 600 празни куќи, па потребна им е помош. Селектираните кандидати треба да соработуваат со локалната непрофитна организација Wonder Grottole, која има за цел да го ревитализира градот.
Денот ќе ви започнува со капучино, часови по италијански, учење како да одгледувате зеленчук и овошје со локален експерт, учење на италијанската кујна со помош на најдобриот готвач во градот и истражување на природата во околина.
Ова е добредојдено за локалците затоа што ќе стапат во контакт со некоја нова култура и луѓето што ќе дојдат ќе ги претворат во амбасадори за нивното село.
Посетителите ќе водат мирно темпо на живот, без сообраќај, загадување и хаос, само со добра храна и дружељубиви луѓе. Ќе живеат во Гротоле од јуни до август.
Може да аплицирате тука!
Како изгледа Гротоле:
С. С. | Црнобело