Чак Норис официјално е ренџер
- Детали
- понеделник, 25 октомври 2010
Кордел Вокер 8 години се бореше против злосторствата и неправдата во Тексас, но човекот кој е заслужен за неговото постоење дури сега доби...
...вистинско признание. Чак Норис и неговиот брат Арон се конечно прогласени за почесни тексашки ренџери.
Во четвртокот на дневниот ред на Државниот оддел за јавна безбедност во Тексас дошло и прашањето за почесни тексашки ренџери да бидат прогласени Чак и Арон Норис.
Иако веста инстантно се прошири преку Твитер и беше официјално потврдена, сè уште не е јасно зошто се чекало скоро 10 години откако Вокер се одрече од мамузите и го остави Далас сам да се бори против криминалците, да се направи ова.
Легендардната серија која му ја донесе најголемата слава на Чак Норис се емитуваше од 1993 до 2001 година и снимени се цели 9 сезони.
Џеф Дуклос, претставникот на Чак Норис, изјавил дека глумецот бил свесен дека тоа најверојатно ќе се случи, но не знаел кога:
„Многу е среќен поради ова. Тој длабоко е поврзан со организацијата и секогаш во срцето ќе биде тексашки ренџер.”
Чак и Арон Норис им се придружија на Џон Вејн и Џорџ Буш кои се исто така прогласени за почесни тексашки ренџери.
Но, разликата е во тоа што Чак Норис избројал до бесконечност и тоа 2 пати и во тоа што може да тресне врата што се врти!
А, еве и мало потсетување на неуништливиот Кордел Вокер.