Интересни факти за подземните железници во 10 земји во светот
- Детали
- петок, 07 декември 2018
Дали знаете дека во Дубаи има метро линии без возачи, а во Стокхолм метро станиците изгледаат како уметнички галерии?
Во Скопје, за жал, од јавен превоз на располагање ни се само автобусите, но големите светски градови како Париз, Њу Делхи и Лондон имаат на располагање подземни железници.
Интересни факти за метро системите во светот:
Метрото во Париз е второто најфреквентно метро во Европа.
Метрото во Париз е едно од најпознатите во светот и го имало во филмовите како „Paris, je t'aime“ и „Amélie“. Отворено е во 1900, има 300 станици и 16 линии и, по метрото во Москва, е второ најфреквентно во Европа.
Во Дубаи има метро линии без возачи.
Црвената и Зелената линија во метрото во Дубаи, се пуштени во употреба во 2009 година.
Најстарата подземна железница се наоѓа во Лондон.
Почнала да функционира во 1963 година, а денес 1.35 милијарда патници се возат со неа секоја година, до некоја од 270-те станици.
Пекинг го има третиот најдолг метро систем на светот.
Почнал со работа во 1969, а се протега на 611 километри. Има повеќе од 20 линии од кои многу беа пуштени во 2008 година за Летните олимписки игри.
Метрото во Москва е познато по впечатливата архитектура.
Архитектурата од ерата на Сталин со мермерни ѕидови, лустери и мозаици го прави уникатно московското метро. Секој ден со него се превезуваат 9 милиони луѓе низ главниот град на Русија.