Повеќе поларни мечки од луѓе, нема гробишта: 24 факти за животот во најсеверниот град на светот

Овој норвешки град се наоѓа во близина на Северниот пол, жителите носат пушки со себе, а таму речиси и нема умирање  и раѓање. Ова е едно од најдобрите места на светот за набљудување на Аурора Бореалис.

povekje-polarni-mechki-od-lugje-nema-grobishta-24-fakti-za-zivotot-vo-najseverniot-grad-na-svetot-01.jpg

Градот Longyearbyen  е едно од најоддалечните населени места на Земјата. Се наоѓа на норвешкиот архипелаг Svalbard, лоциран помеѓу Норвешка и Северниот пол.

Како изгледа секојдневниот живот во ова екстремно место:

Таму живеат 2.144 луѓе и има училиште, црква, ресторани и кино.

povekje-polarni-mechki-od-lugje-nema-grobishta-24-fakti-za-zivotot-vo-najseverniot-grad-na-svetot-04.jpg

povekje-polarni-mechki-od-lugje-nema-grobishta-24-fakti-za-zivotot-vo-najseverniot-grad-na-svetot-02.jpg

До него се стигнува за 3 часа со авион од Осло. Од Longyearbyen до Северниот пол има 1.046 километри.

povekje-polarni-mechki-od-lugje-nema-grobishta-24-fakti-za-zivotot-vo-najseverniot-grad-na-svetot-03.png

povekje-polarni-mechki-od-lugje-nema-grobishta-24-fakti-za-zivotot-vo-najseverniot-grad-na-svetot-05.jpg

Има 4 месеци ноќ и 4 месеци ден во текот на годината. На жителите им се препорачува да носат пушка со себе затоа што може да наидат на поларна мечка.

povekje-polarni-mechki-od-lugje-nema-grobishta-24-fakti-za-zivotot-vo-najseverniot-grad-na-svetot-12.jpg

Како и многу места од овој дел на светот, Longyearbyen бил основан како рударски град, но таа фаза минала и сега таму се прават научни истражувања и тури за најавантуристички настроените туристи во светот.

povekje-polarni-mechki-od-lugje-nema-grobishta-24-fakti-za-zivotot-vo-najseverniot-grad-na-svetot-08.jpg

Сега тој е седиште на „Svalbard Global Seed Vault“, светската банка на семиња во која се чуваат семиња од сите познати култури на светот. Објектот влегува 121 метар во планината во близина на градот и има преку еден милион различни семиња.

povekje-polarni-mechki-od-lugje-nema-grobishta-24-fakti-za-zivotot-vo-najseverniot-grad-na-svetot-09.jpg

Дури и да снема струја, поради ниските температури трезорот ќе остане замрзнат и до 200 години, но поради глобалното затоплување се прават скапи надградби за заштита. Внатре има кодирани врати.

povekje-polarni-mechki-od-lugje-nema-grobishta-24-fakti-za-zivotot-vo-najseverniot-grad-na-svetot-10.jpg

povekje-polarni-mechki-od-lugje-nema-grobishta-24-fakti-za-zivotot-vo-najseverniot-grad-na-svetot-11.jpg

На архипелагот има повеќе поларни мечки од луѓе, односно околу 3.000 и иако живеат северно од градот, понекогаш доаѓаат по храна и се закана за жителите.

povekje-polarni-mechki-od-lugje-nema-grobishta-24-fakti-za-zivotot-vo-najseverniot-grad-na-svetot-14.jpg

Жителите задолжително треба да носат оружје ако излегуваат надвор од градот.

povekje-polarni-mechki-od-lugje-nema-grobishta-24-fakti-za-zivotot-vo-najseverniot-grad-na-svetot-22.jpg

Жителите треба да се штитат и од природни непогоди, како лавини.

povekje-polarni-mechki-od-lugje-nema-grobishta-24-fakti-za-zivotot-vo-najseverniot-grad-na-svetot-15.jpg

Иако има мали гробишта, закопувањето било забрането во 1950-тите откако телата почнале да излегуваат на површината поради топење на мразот.

povekje-polarni-mechki-od-lugje-nema-grobishta-24-fakti-za-zivotot-vo-najseverniot-grad-na-svetot-16.jpg

Исто така нема институција за сериозно болните или за породување, па така на овој остров нема ниту раѓања, ниту умирања.

povekje-polarni-mechki-od-lugje-nema-grobishta-24-fakti-za-zivotot-vo-najseverniot-grad-na-svetot-19.jpg

Интересно е што жителите во градот се од 50 различни земји, па тој претставува „мала метропола“.

povekje-polarni-mechki-od-lugje-nema-grobishta-24-fakti-za-zivotot-vo-najseverniot-grad-na-svetot-17.jpg

Уште 12 факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“ „Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во ...
„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg