Фотограф исчезнал во Кина, а неговите фотографии откриваат сурова вистина која очигледно не сакаат да ја видиме
- Детали
- вторник, 04 декември 2018
Лу Гуанг е фотограф кој со своите репортажи откри една страна на Кина за која тамошните власти не сакаат многу да зборуваат во јавноста.
Иако Кина се труди себе да се прикаже како напредна земја каде живее здрава нација, всушност и таму има зависници, пациенти заразени со ХИВ, загадување, експлоатација и злоупотреба на трудот.
Според неговата сопруга Шу Шаоли, Лу го нема веќе од 3 ноември оваа година.
На 23 октомври тој отпатувал во Урумки, каде требало да фотографира неколку настани. Таму требало да се сретне со својот пријател Чен, кој од почетокот на ноември не може никако да го пронајде Лу Гуанг.
Истражувајќи ја ситуацијата, тој и сопругата на Лу дошле до неофицијални сознанија дека фотографот е киднапиран од страна на безбедносните служби. Неговата сопруга досега не добила известување за апсење, а сето тоа ѝ станало уште посомнително откако не успеале да се чујат за 20-годишнината од нивниот брак.
Дали за тоа се виновни неговите фотографии кој покажуваат една тешка реалност која Кина сака да ја скрие од јавноста?