Теории на заговор во кои славните се цврсто убедени

Дури и славните кога не се на сцена се сосема обични луѓе кои понекогаш веруваат во теориите на заговор што социјалните мрежи им ги сервираат.

teorii-na-zagovor-vo-koi-slavnite-se-cvrsto-ubedeni-01.jpg

Многу од нив се уверени дека рептилите управуваат со светот или дека постои тајно општество кое ги контролира луѓето.

Нема врска што се богати и славни, сепак веруваат во овие нешта:

Дејв Мастејн од Megadeth мисли дека облеката на Мишел Обама е кодирана порака

Од ѕвезда како Мастејн се очекува многу повеќе од тоа да верува во теориите на заговор поврзани со семејството Обама, особено дека облеката на Мишел пренесува кодирани пораки.

Тој исто верува и дека изводот на Обама е лажен и дека е 100% сигурен дека е роден во Кенија.

teorii-na-zagovor-vo-koi-slavnite-se-cvrsto-ubedeni-02.jpg

Басистот на RATM верува дека ИСИС и слетувањето на месечината се измислици

Вокалистот на Rage Against The Machine, Зак, е еден од славните личности кој се сомнева во сè што се случува во светот.

Тој јавно кажува дека не верува дека Исламската држава е реална и дека сè што се случува со нив е само сценарио. Исто така е уверен дека слетувањето на месечината е студиски режирано. Да биде уште поинтересно, неговиот татко има работено за НАСА.

teorii-na-zagovor-vo-koi-slavnite-se-cvrsto-ubedeni-03.jpg

Професор Гриф од Public Enemy мисли дека Џеј Зи е илуминат

Семејството на Џеј Зи и Бијонсе многу пати било етикетирано дека припаѓа на илуминатите.

Меѓу другото тој верува дека конфликтот меѓу Израел и Палестина е новинарска измислица, а пронашол поврзаност и меѓу Евреите и накитот (на англиски, Евреин е „jew“, a накит „jewelry“). Поради антисемитистичките пораки бил избркан од бендот, но откако ги повлекол сите изјави, бил вратен.

teorii-na-zagovor-vo-koi-slavnite-se-cvrsto-ubedeni-05.jpg

М.И.А. мисли дека ЦИА ги креирале Фејсбук и Гугл

Таа мисли дека социјалните мрежи се големо зло и дека постојат за да го направат светот лошо место за живеење.

М.И.А. е уверена дека сите влади во светот се поврзани со Гугл поради шпионирање на граѓаните. Таа толку се плаши од ЦИА што мисли дека во секој момент може да ја убијат.

teorii-na-zagovor-vo-koi-slavnite-se-cvrsto-ubedeni-06.jpg

Марион Котијар мисли дека 9/11 е заговор

Во ред, многумина го мислат тоа, но причината на француската актерка е повеќе од бизарна.

Таа е уверена дека нападот бил нарачан бидејќи било поевтино да се срушат овие згради, кои датираат од 70-тите, наместо да се реновираат. Марион исто така се запрашала и зошто авиони удираат и во други згради, а не ги рушат, изразувајќи сомневање за квалитетот на градбата на кулите близначки.

teorii-na-zagovor-vo-koi-slavnite-se-cvrsto-ubedeni-04.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg