Бугарските танчари кои играат на оган - Нестинари
- Детали
- сабота, 24 ноември 2018
Можеби сте слушнале и претходно за танчарите коишто одат по оган. Ова е традиција којашто често пати се практикува во мноштво крајбрежни ресорти низ целиот свет. Изворно, танцот на оган се вика Нестинарство и потекува од старите пагански ритуали на бугарските селани.
Машките и женските танчари се нарекуваат нестинари и тие целосно боси изведуваат спиритуален танц врз жежок жар. Не е дозволено носење чевли или заштитни премази на нозете, иако жарот е доволно јак за да ја изгори кожата.
Во што се состои ритуалот на нестинарството?
Ритуалот е еден вид на славење на светците Константин и Елена, славење на пристигнувањето на летото, оддавање почит на светецот заштитник на селото и еден вид на духовно прочистување.
Играњето на оган е само еден мал дел од целиот ритуал којшто вообичаено трае скоро цел ден. Штом ќе изгрее сонцето, селаните започнуваат да ги украсуваат нивните свети икони со цвеќиња и со црвено платно порабено со сребрени парички.
Потоа, тројца избраници од селото ги носат иконите на светите извори на св. Константин, каде што рамките на иконите се прочистуваат во светите води.
Откако ќе се исчистат рамките на иконите, танчарите и локалниот свештеник се упатуваат кон домот на главниот Нестинар или во локалната црква, каде што луѓето ќе се помолат и ќе запалат свеќи и темјан. Потоа, гајдаџијата и тапанарот тргнуваат напред и го водат целото село кон запалениот жар.
Штом сите ќе се соберат, најстарите Нестинари почнуваат да газат низ жарот. Останатите нестинари почнуваат да пеат заедно со музиката и да поминуваат преку жарот носејќи ги во раце иконите. Кога веќе ќе почне да се стемнува, почнуваат да настапуваат и помладите Нестинари и тогаш започнува вистинското играње на оган.
Од каде потекнува ритуалот?
Нестинарството оригинално потекнува од бугарскиот дел на планината Странџа. Не секој може да стане нестинар, оваа чест се пренесува наследно од родителите на децата.
(О)Милена | Црнобело