„Се прејадував со хамбургери. Сега земам дебели пари за вишокот килограми.“
- Детали
- сабота, 08 декември 2018
На светската модна сцена, сѐ поголем дел од колачот земаат т.н. плус-сајз манекенки. Во САД и Велика Британија веќе со години постојат агенции кои ги застапуваат исклучиво ваквите модели.
Една од поуспешните е Milk Model Management, каде главна ѕвезда во моментот е младата Сони Тарнер (20). Во новиот документарен филм на оваа тема, таа откри како стигнала до модните писти, a и одредени тајни за работата, кои се прилично екстремни.
Сони во агенцијата дошла носејќи конфекциски број 40. Технички, била нешто измеѓу двата типа на модели. „Предебела“ за „манекенка“, ама и „преслаба“ за префиксот „плус-сајз“.
„Вишокот килограми ги накачив кога во тинејџерските години заминав од дома на школување во Лондон. Не знаев да готвам, па секојдневно јадев во McDonald's. Така всушност стигнав до манекенска кариера.“
Кога за првпат се појавила во Milk Model Management, добила одговор дека се раположени да ѝ понудат ангажман, ама ќе мора да носи потполнки за да изгледа покрупно.
„На сите кастинзи и проби имав потполнки, кои морав да ги носам за задникот, бедрата и колковите да ми делуваат поголеми. За ова oтворено се говореше, а некогаш бараа да ставам и дупла потполнка. Носев број 40, а сакаа да изгледам како да сум за 44.“
Додава и дека повеќе не јаде хамбургери, туку станала свесна дека одењето во теретана е нешто кое едноставно мора редовно да го прави, како што е важно и да остане здрава. Со неа се согласува и сопственичката на агенцијата Ен Шилингло.
„Луѓето губат и добиваат на тежина – сѐ е дел од работата. Не се грижам околу тоа која манекенка има колкава килажа. Се разбира дека не сакам да ги поттикнам на нездрав однос кон телото.“
Тарнер ја следат околу 300 илјади корисници на социјалната мрежа Инстаграм. Неретко добива негативни коментари на лична сметка, но тврди дека тие воопшто не допираат до неа. Од работа не може да крене глава.
„Мене ова сало ми носи дебели пари. Да бев послаба, како на почеток од кариерата, дефинитивно не би имала толку работа како денес.“
Ен, пак, заклучува дека постои толкава побарувачка за плус-сајз модели, што буквално немаат доволно манекенки кои би можеле да ги одработат сите проекти. Највеќе се бараат девојки кои имаат фигура на песочен часовник.
Какво е вашето мислење за манекенките со облини и вишок килограм? Дали се позитивен, или, пак, негативен пример за младите девојки?
Од галеријата во продолжение, погледнете дел од фотките на Сони Тарнер:
М. А. | Црнобело