Илон Маск, Ричард Бренсон: Какви беа милионерите на почетокот од нивната кариера?
- Детали
- четврток, 08 ноември 2018
Денес се меѓу највлијателните личности во светот и имаат огромни компании, но како започнало сето тоа?
Денес тие се дел од глобалната елита, но како изгледале некогаш и како ги започнале своите успешни кариери?
Како изгледале милионерите пред да станат познати:
Бил Гејтс
Училиштето не му одело добро, но го обожавал програмирањето, а веќе на 21 година со својот пријател Пол Ален ја основал компанијата Microsoft. Во 2018 година е прогласен за 7-ма највлијателна личност на светот.
Лари Пејџ и Сергеј Брин
Во 1995 двајцата талентирани момци се запознале на екскурзија на Stanford универзитетот. Дискутирале за компјутерската технологија, станале пријатели, а во 1998 ја основаа компанијата Google Inc.
Доналд Трамп
За разлика од останатите на листата, Трамп ја имаше среќата да биде роден во богато семејство, но тој на брилијантен начин успеа да додаде неколку нули на вредноста на градежната компанија на татко му, а стана и претседател на САД.
Илон Маск
На 9 години научил да програмира, а денес на 47 е еден од најуспешните инженери и бизнисмени на светот.
Марк Закерберг
Сите ја знаат приказната за 19-годишниот студент на психологија на универзитетот Harvard, кој го измисли Facebook. Денес, на 34 години, е еден од најмладите милијардери во историјата и 13-ти највлијателен човек во светот според Forbes.
Тим Кук
Мирниот и амбизиозен инженер уште на стартот се вработи во успешната компанија IBM, по низа други работни места стана десна рака на Стив Џобс, а по неговата смрт го наследи на челото на Apple.
Ричард Бренсон
Уште на денот на дипломирање Ричард изјавил дека или ќе оди во затвор или ќе стане милионер. И беше во право. Ја основаше Virgin Group, која контролира повеќе од 400 компании и сè уште е ексцентричен, но е милионер.
С. С. | Црнобело