Импресивна глетка - најголемата статуа во светот од неодамна е во Индија (фото)
- Детали
- петок, 02 ноември 2018
182 метри високиот споменик беше неодамна официјално инаугуриран во Гуџарат во Индија.
Статуата на Сардар Валабхбаи Пател или „Статуата на единството“ е висока речиси 50 ката и заедно со постаментот на три нивоа има висина од 240 метри, што ја прави највисока статуа во светот.
Таа е 4 пати повисока од Статуата на слободата во Њујорк и е дизајнирана од индискиот скулптор Рам В. Сутар. Статуата е изработена од старо железо собрано низ целата земја и е прекриена со бронза којашто ќе потемни со текот на времето.
За да се изгради оваа огромна структура беа потребни 4 години, 210.000 кубици цемент, 25.000 тона железо и 1.700 тона бронза и истата чини околу 314 милиони фунти.
Во статуата има лифтови коишто се искачуваат до 153 метри високата платформа за набљудување, а дневно ќе може во нив да се превезат дури 15,000 туристи.
(О)Милена | Црнобело