Образованието низ светот: Холандија - казни за доцнење, Швајцарија - забрана за мобилни телефони
- Детали
- среда, 10 октомври 2018
Дали сте задоволни од образовниот систем во Македонија? Кои се позитивните и негативните страни на образовните системи низ светот?
Ако сакаме да го подобриме образовниот систем треба да ги земеме позитивните примери од земјите како Холандија и Швајцарија и да видиме како не треба од негативните примери на земјите како Северна и Јужна Кореја.
Образованието низ светот:
Холандија
Учениците под 10-годишна возраст не добиваат домашни задачи, а учениците под 12-годишна возраст немаат тестови.
Во склоп на часовите има сексуално образование и едукација за опасностите од консумирањето на дрога и алкохол.
Отсуствата од училиште и доцнењето се сфаќаат многу сериозно и ако нема добра причина за тоа на родителите може да им биде напишана казна, па дури и да бидат затворени еден месец, а ученикот да мора да извршува општествено корисна работа.
Германија
Во Германија учениците учат да возат велосипед според сообраќајните правила и потоа полагаат.
Секој одмор на училиште се користи за престој на свеж воздух во дворот.
Оценки учениците почнуваат да добиваат од трето одделение.
Швајцарија
Пред поаѓањето во училиште психолог зборува со децата и ако смета дека детето сè уште не е доволно созреано за на училиште ги советува родителите да почекаат уште една или две години.
Забрането е носење на мобилни телефони во училиштата.
Чешка
Во Чешка за време на летниот распуст има едукативни кампови за учениците, а во зима има рекреативни часови каде учениците учат да скијаат.
Во многу училишта има часови за танц.
Северна Кореја
Во оваа држава има модел на образование од Советскиот сојуз и има политички курсеви, каде се изучуваат политиките на комунистичката партија или животот на големиот лидер на Северна Кореја.
Учениците изведуваат и физички активности од типот на земјоделски активности и екскурзиите им се речиси секогаш на историски локации.
Јужна Кореја
Секој ученик има сериски број и уште од основно училиште учениците се подготвуваат за полагање на финалниот испит.
Дури и за време на викендите учениците учат со тутори , а кога е времето за полагање во црквите во Јужна Кореја има турканици од родители кои се молат нивните деца да положат.
На денот на испитот улиците се празнат за да нема гужва во сообраќајот и учениците да не доцнат на полагањето.
С. С. | Црнобело