Пишувајте со другата рака
- Детали
- петок, 01 октомври 2010
Контрола на мозокот преку магнети? Можно е. Научниците од Унивезитетот Беркли тврдат дека откриле начин како да ги сменат преференците на луѓето...
...од нивната десна рака на левата, преку влијание на одлуките на мозокот со користење на магнети.
Преку ТMS (Transcranial Magnetic Stimulation), метода со која се предизвикува деполаризација на невроните во мозокот, тимот на Беркли открил начин како да ја ‘прекине’ борбата помеѓу двете раце која што се случува во кортекстот секој пат кога се прави и најмала задача.
Иако вашата доминантна рака е одговорна за поголемите задачи, сепак сите сме блиску до користење на двете раце подеднакво правејќи обични и ситни работи (ѕвонење на ѕвонче, отварање врата). Но, со горе споменатата метода мозокот може да биде условен секогаш да ја избере левата рака.
Група од деснаци волонтирале за магнетското условување кое ги прекинува невроните во контролирањето на моторните вештини со цел да се намали шансата доминатната рака да биде избрана за правење на мали задачи.
Па, наместо нивната десна рака, испитаниците ги преферирале нивните леви раце откако биле изложени на TMS методата, што довело истражувачите да веруваат во можностите кои ги нуди оваа метода.