Зошто речиси половина од младите Јапонци не стапуваат во сексуални односи?
- Детали
- понеделник, 01 октомври 2018
Јапонија се соочува со сериозен пад на наталитетот и владата смислува низа мерки за да ја среди ситуацијата.
Веќе некое време на Јапонија ѝ се предвидува национална катастрофа поради тоа што младите луѓе во Јапонија сè помалку стапуваат во сексуални односи и паднат е наталитетот.
Всушност, во оваа држава толку многу се избегнува секс што една истражување покажало дека една третина од Јапонците во нивните 30-ти години немале сексуално искуство.
Во документарниот филм „Sex in Japan: Dying for Company“ откриено е дека половина од младите Јапонци се невини и поради напорното професионално темпо немаат време за градење на блиски односи со други луѓе, остануваат девици и се задоволуваат со порнографија и секс роботи.
Околу 44% од немажените жени во Јапонија и 42% од неженетите мажи признале дека се девици во истражување во 2015 година.
Една од главните причини е тоа што работат речиси по цел ден и немаат време за состанување. Еден од учесниците во документарниот филм изјави: „Треба да завршам во 19 часот со работа, но всушност работам прекувремено речиси секој ден. И кога се социјализирам тоа е со мојот шеф. Морам. Тој нарачува пијалак, нарачувам и јас бидејќи тоа се очекува од мене.“
Колку повеќе алтернативи за секс има во земјата, толку мажите и жените помалку имаат потреба за партнер. Но, земјата страда поради драстично намалениот наталитет.
Погледнете го целиот документарец:
С. С. | Црнобело