Курс за самоодбрана, тестирања: Низ што сè поминуваат дадилките на децата од кралско семејство?
- Детали
- четврток, 19 јули 2018
Да се биде одговорен за децата од британското кралско семејство не е мала работа, а дадилките кои ја добиваат оваа работа мора да поминат низ многу тестирања и испитувања.
Од нив има големи барања, не треба да бидат само обични дадилки, туку и да поседуваат многу специјални вештини.
Во продолжение прочитајте низ што сè поминуваат и кои се основните вештини кои треба да ги имаат дадилките на малите принцови и принцези.
Образование
За да бидат дадилки во кралската палата, не е доволно само да сакаат деца, туку мора да имаат престижно образование на Norland Collegе, специјализиран за дадилки, а не секој може да стигне до таму.
Кандидатките мора да имаат добра физичка форма и одлична биографија, како и да знаат совршено англиски јазик.
За време на обуката, девојките не само што учат како да ги чуваат децата, туку ги учат и психологија, историја, филозофија, социологија и литература.
Прелиминарна пракса
За време на обуката дадилките вежбаат на деца-роботи. Ниту една дадилка не може да биде одговорна за кралско бебе ако претходно не се обидела да се грижи за „виртуелно бебе“. Тие имаат вграден чип заради кој може да бараат храна, внимание и да плачат како вистинските деца.
Дадилките се и телохранители
Дадилката мора да биде способна да се заштити себеси и детето, па девојките поминуваат и низ курс за самоодбрана.
Најчесто ги тренираат поранешни офицери од специјални воени единици, а во последната година од 3-годишното образование, студентите се учат и да даваат прва помош и спасување во вода.
Совршен возач
Дадилките во кралското семејство мора да бидат одлични возачи, а бидејќи детето треба да биде целосно безбедно, тие не учат обично, туку и возење во екстремни услови.