Курс за самоодбрана, тестирања: Низ што сè поминуваат дадилките на децата од кралско семејство?
Домашна дадилка
Принцот Вилијам и Кејт не најмиле цел тим дадилки за децата, туку Марија Борало, истата која се грижела за Џорџ, се грижи и за другите.
Таа завршила на Norland College пред 20 години, се посветила на обврските во палатата со принцот Џорџ и досега му помага на семејството со сите деца.
Кралското семејство е нејзиното единствено семејство
Кралската дадилка треба да биде дел од семејството, таа ги прати децата секаде, дури и на одморите и патувањата.
Чување тајни
Дадилките кои ќе работат во палатата мора да ги чуваат тајните и да не споделуваат ништо со јавноста. Тие немаат профили на социјални мрежи и не се истакнуваат јавно, а за тоа потпишуваат и договор.
Не е замена за родителите
Дури и овие дадилки со високи квалитети и способности знаат дека родителите се најважни за децата и не се обидуваат да ги заменат.
На Noland College, идните кралски дадилки ги учат да ги вклучуваат родителите на децата во нивното бањање или ставање во кревет.
М. М. | Црнобело