Бејрут не е воено поле, Бејрут е вистински рај (фото)
- Детали
- вторник, 03 јули 2018
Каква претстава имате за Бејрут? Рушевини и хорор сцени? Либанците ја пренесуваат вистинската слика на Инстаграм.
Дали го изгледавте филмот Beirut (2018)? Во него главниот град на Либан е прикажан како вистинско воено поле, каде живеат „ужасни“ луѓе кои само сакаат да си наштетат еден на друг.
Либанците се комплетно разочарани од приказот на нивната метропола и нивната татковина, па во коментари на Youtube под трејлерот на филмот го искажуваат својот бес и велат дека голем дел од сцените воопшто не се снимани во Либан и дека дури и во време на граѓанската војна не било толку ужасно, како што е претставено.
Истата слика со бомбашки напади и убиства се пренесува и во медиумите. Но, во Бејрут веќе со години нема борби, а и покрај последиците од војните, градот изгледа прекрасно, но никако да ја поправи својата репутација на светско ниво.
Токму од сите овие претставувања дека таму не е безбедно, има навистина мал број на туристи кои се одлучуваат да го посетат.
Токму затоа Либанците под хаштагот #thisisbeirut на Инстаграм сакаат да прикажат колку е убав нивниот град, кој според анализите веќе е побезбеден од голем дел од другите светски метрополи.
Ова е Бејрут, ова е Либан:
С. С. | Црнобело