Љубовно писмо во шише пронајдено на плажа, откако пропатувало 320 километри (фото)
- Детали
- сабота, 30 јуни 2018
Ако ја пронајдат жената што го напишала писмото, ситуацијата ќе биде помагична и од романтично филмско сценарио.
Елиса Вилсон пронајде љубовно писмо на плажа кое пропатувало најмалку 320 километри и лансираше светска потрага за да ја пронајде Сара, жената што го напишала.
Додека чистела на плажата Prestwick во Шкотска, Елиса го пронашла шишето во кое има црвена хартија на која било напишано дека писмото е фрлено во морето од Сара по повод првата годишнина од брак со нејзиниот партнер.
Во писмото било напишано дека е фрлено од Isle of Skye, место во Шкотска, на 320 километри од местото на кое е пронајдено шишето на 16-ти јуни. Но, не се знае кога е фрлено и дали луѓето што го фрлиле живеат таму или биле само на поминување.
Во малото шишенце од виски на црвената хартија пишувало:
„Денес е првата годишнина од нашиот брак и затоа ја пишувам оваа љубовна порака во шише. Во име на славењето на нашата љубов кон природата и со желба таа љубов да трае засекогаш, го фрламе ова во морето во Skye, Шкотска“.
Елиса е среќна што нејзината објава на Фејсбук се проширила вирално затоа што така поголема е шансата да ги пронајде Сара и нејзиниот партнер.
Нејзината објава:
It’s not like me to create a public post but would love people to share this one. At our fortnightly Prestwick beach...
Posted by Elissa Wilson on Monday, June 18, 2018
It’s not like me to create a public post but would love people to share this one. At our fortnightly Prestwick beach...
Posted by Elissa Wilson on Monday, June 18, 2018
С. С. | Црнобело