Отворање на традиционалниот Божиќен Пазар во Нинберг
- Детали
- петок, 28 ноември 2008
Секоја година Германскиот најпознат Божиќен пазар ги отвара своите врати за посетителите од целиот свет во центарот на плоштадот на Нинберг. Како секоја...
...така и оваа година, денес, на 28.11.2008, во 5.30 часот наутро во петкотот пред Адвент саботата (денот на кој Исус пристигнал на земјата), еден Божиќен Ангел го отвара пазарот со рецитација на свечената увертира од галеријата на прекрасната црква Нашата Дама (Our Lady) што е едно од најголемите обележја на градот.
Секој ден, се до Божиќ, повеќе од 2 милиони светски туристи го посетуваат овој Божиќен пазар. Ова преставува голема светска атракција, ова време во градот Нинберг започнува туристичката сезона.
На околу 180 дрвени тезги укасени со црвено бели украси се изложуваат најразлични работи - храна и тоа традиционалниот нинбергски леб, овошје, пецива; потоа, тука се карактеристичните божиќни украси, елки, орнаменти, свеќи, играчки, како и рачни изработки.
Тој дел од градот тогаш се нарекува “Малиот град од дрво и платно”. Сопствениците на тезгите многу внимаваат како ќе ги накитат своите тезги, се е беспрекорно и во духот на Божиќ.
На пазарот исто така можат да се најдат и така наречените “Нимбергски луѓе од сливи”, тоа се мали фигури направени од суви сливи.
За да биде уште поубаво разгледувањето, на секој агол од пазарот, можат да се купат печени кобасички и чашка вкусно варено вино.
Нели е прекрсано? Признајте дека сакате сега да сте таму...барем ние знаеме дека сакаме...