Носи „приватен“ тоалет со себе: 4-те чудните навики при патување на Ким Џонг Ун
- Детали
- среда, 09 мај 2018
Фотографијата со телохранителите кои трчаат околу неговиот автомобил го обиколи светот. Кои му се другите чудни навики?
На изненадување на сите, лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун, неодамна отпатува на средба со лидерот на Јужна Кореја, а во март се сретна и со кинескиот претседател. Сега наводно тој планира средба и со американскиот претседател Доналд Трамп.
Неговата отвореност за соработка го изненади целиот свет, со оглед на тоа што Ким ја немаше напуштено татковината откако го презеде владеењето во 2011 година.
Сепак, тој има некои чудни навики кога оди на интернационални патувања:
Има штит од луѓе околу автомобилот
Во Јужна Кореја имаше неверојатна ситуација кога 12 телохранители трчаа околу автомобилот на Ким Џонг Ун.
Облечени во црни костими тие трчаа во совршена формација додека автомобилот се движеше со мала брзина.
Се вози во бавен воз, отпорен на куршуми
Повеќето светски лидери патуваат со авион, но Ким сака потрадиционални начини за транспорт.
Кога патувал за Кина биле потребни три возови за него, неговото обезбедување и еден плус како безбедност. Возовите биле отпорни на куршуми и возеле со брзина од 60 километри на час.
Не користи јавни тоалети кога патува, туку си носи свој „приватен тоалет“
Каде и да патува, Ким со себе носи тоалет. Но, не поради страв за хигиената, туку поради тоа дека со нуждата оставал информации за неговата здравствена состојба.
Во 2015 излезе информација дека во еден од автомобилите од конвојот на Ким имало вградено тоалет.
Неговите интернационални посети се обвиени со мистерија
На пример посетата во Кина не беше јавно најавена, туку информациите за неа излегоа откако беше завршена.
Прочитајте и како живее неговата сопруга!
С. С. | Црнобело