Мајка ја подготвува 4-годишната ќерка за Мис Англија
- Детали
- вторник, 15 август 2017
Млада мајка троши илјадници фунти за разубавување на 4-годишната ќерка – од потемнување на тенот до екстензии за коса и вештачки нокти.
26-годишната Енрика Милне возвраќа на критиките и обвинувањата за сексуализација на 4-годишното девојче со изговор дека ја подготвува нејзината ќерка за идна Мис Англија.
„Ќе бидам многу вознемирена ако таа престане да го прави тоа, бидејќи одлично ѝ оди и ја научив сѐ за хуманитарните акции.“ – вели мајката која поминува 2-3 часа дневно подготвувајќи ја за натпревари.
Откако почнала да се натпреварува во април 2016-та, малата убавица има освоено многу круни, воодушевувајќи ја публиката со нејзините преслатки костуми.
Енрика, која троши по речиси 400 евра за натпреварите продолжува: „Знам дека ја осудуваат нашата заедница за натпревари, но само сакам Ариел да го прави тоа што ја прави среќна. Натпреварите се одлични за нејзината самодоверба. Многу луѓе имаат проблем со тоа, но таа не. Сакам таа еден ден да биде Мис Англија и мислам дека ако е фокусирана на тоа, ќе успее.“
Употребувајќи ги своите способности, таа ја шминка сама нејзината ќерка, ставајќи кармин, вештачки трепки, сенка за очи и светки на нејзиното детско лице.
Малото девојче исто така носи и екстензии за коса од скоро 100 евра и има гел на ноктите кој ѝ го става мајката.
„Нема шминка секој ден, но знае да си стави и сама. Таа станува многу добра во тоа, дури може и маскара да си нанесе сама.“
На коментарите и изговорите на мајката им нема крај, но мора да признаеме дека сето ова е тотална лудост.
Што мислите вие? Би му го направиле ли ова на вашето дете уште на 4-годишна возраст?
М. М. | Црнобело