Џиновска града поставена на зграда во Лондон, носи одлична порака
- Детали
- четврток, 30 март 2017
Минатата недела за време на Денот на мајката, во Лондон осамна еден чуден декор.
На врвот на една зграда беше поставена џиновска гумена града со испакната брадавица.
Целта на ваквиот потег не беше само да се предизвика шок и чудење, туку и да се покрене свеста за доењето во јавност.
Тешко е да се поверува дека и во 2017 година мајките во Велика Британија се осудувани доколку ги дојат своите бебиња во јавност.
Проектот го претставува славењето на правото на секоја жена, да одлучи како и каде ќе го храни своето дете без чувство на вина или срам.
Иако се чини апсурдно, во 2017 година, нешто толку природно како доењето на бебињата кај многу од жените претставува вистински стрес.
Зошто некој би се грижел за тоа како некоја жена го дои своето дете?
Сепак факт е дека доењето во јавност често е предмет на социјални притисоци и зајадливи коментари.
Можеби овој потфат во центарот на Лондон ќе ја покрене свеста за тоа што значи ваквата постапка и колку е важно да се заштитат мајките без да се осудува нивната постапка.
М. С. | Црнобело