Чуден тренд меѓу жените: Плаќаат илјадници долари за да имаат дупчиња на грбот
- Детали
- понеделник, 13 февруари 2017
Дамите почнаа да трошат по илјадници долари на нова козметичка процедура за да креираат дупчиња на долниот дел од грбот, барем така открива еден пластичен хирург.
Овие дупчиња се уште попознати и како венерини дупчиња, а претставуваат природни вдлабнувања на двете страни од долниот дел од грбот.
Истите ги имаат познати дами како Кендал Џенер и Миранда Кер.
Според многумина, дупчињата се знак на добро здравје и одличен сексуален живот, но истите невозможно е да се добијат со вежбање, ако веќе ги немате природно.
Па, многу жени почнаа да се одлучуваат за козметичко решение.
Докторката Аманда Вонг-Пауел од Лондон креирала процедура со која и дамите кои не се атлетски градени, можат да ги добијат овие дучиња.
Обично трае 2 до 3 часа, каде со канула како пенкало се топат мастите и се креира реон кој изгледа како буквата V и се појавуваат дупчињата.
Потоа 10 дена чекате за да се намали воспалувањето, а уште 4 недели до 3 месеци за да ги забележите првите ефекти.
Н. Г. | Црнобело