Ксенија убиена поради СМС?
- Детали
- четврток, 25 март 2010
На убиството на Ксенија Пајчин и претходела жестока расправија помеѓу неа и Филип Каписода, откако Ксенија тој кобен ден ја прочитала смс...
... пораката во која една девојка го повикува Филип да се видат.
Ова за "Курир" го изјавила Јелена Роган, пријателка на покојната пејачка, тврдејќи дека манекенот пукал во неа, револтиран од тоа што Ксенија му дозволила да оди, со што покажала дека може и без него.
"Една девојка на 16ти март, непосредно пред убиството, му пратила порака на Филип во која стоело дека сака да се видат.
Кога Ксенија ја видела смс пораката во неговиот мобилен телефон, само му рекла ДА, ако таа не му е доволно добра, слободно нека оди. Тогаш тој полудел и настанала жестока расправија", раскажала Јелена.
Од друга страна, останатаите пријатели на покојната Ксенија тврдат дека таа и Јелена Роган никогаш не биле толку блиски пријателки.