Медицински брат ја исполни желбата на 4-годишно девојче болно од рак и се „ожени“ за неа
- Детали
- четврток, 15 септември 2016
Едно 4-годишно девојче кое има рак, ја доби својата свадба од соништата откако се „омажи“ за нејзиниот омилен медицински брат.
Прстени лижавчиња, торта, па дури и розова количка со знакот „Just Married“ ја комплетираа свадбата на малечката Аби во Медициснкиот Центар во Њујорк.
Нејзиниот сон станал реалност благодарение на медицинскиот брат Мет Хиклинг кој бил еден од главните кои се грижеле за Аби речиси цела една година.
Мајката на Аби му кажала на Хиклинг дека таа сака да стапи во брак со него и иако отпрво бил изненаден, воопшто не се двоумел да ја задоволи желбата на девојчето.
„Беше остварување на соништата за ќерка ми и момент кој засекогаш ќе го паметиме во нашето семејство“ - изјавила мајката на Аби.
Од друга страна, Хаклинг решил да го сподели слаткиот момент со нас на Фејсбук:
Н. Г. | Црнобело