"Durex" објави кондоми со вкус на модар патлиџан
- Детали
- среда, 07 септември 2016
Компанијата "Durex" која објави дека ќе започне со производство на кондоми со вкус на модар патлиџан, беше причина за исмевање на социјалната мрежа Твитер. Еден корисник се пошегува дека овој потег и дава ново значење на фазата "здрав сексуален живот", осврнувајќи се на здравото својство на овој зеленчук.
Други се прашаа дали новиот вкус е дизајниран посебно за вегетаријанци, но имаше и такви кои рекоа дека луѓето од компанијата потполно го изгубиле умот.
"Твитерџиите" сепак имаа право за овој концепт. Од "Durex" после некое време изјавија дека пораката била маркетишки трик во склоп нa воведувањето на стикери со кондоми во интернет разговорите.
Овој потег го направија со надеж дека младите генерации, навикнати на комуникација преку интернет, би можеле послободно да разговораат и практикуваат безбеден секс.
Сепак многумина ги критикуваат поради односот кој го имаат спрема младите генерации, кои не ги сметаат доволно зрели да разговараат за сексот лице во лице.