7 работи полоши од твојата
- Детали
- понеделник, 25 јануари 2010
Јасно ни е. Економија пропаѓа, никој нема пари, а ете си и ти заглавен позади своето биро, каса, шанк... Гарантираме дека откако ќе го прочиташ ова...
... ќе ја сакаш својата работа најмногу на свет!
Чистач на риби
Дали некогаш сте чистеле риба? Лигаво, смрдливо и крајно непријатно! Сега замислете си тоа да го правите 8 часа во текот на денот, секој ден, до крајот на вашиот живот!
Чистач во градинка
Се вели дека децата се нашата иднина, но сепак некој треба да чисти позади нив. Врвното достигнување е отстранување на исушена боја и сок од јаболки од тепихот, леплива плунка од играчките, а воопшто и да не ги спомнуваме тоалетите.
Истражувач на фекалии од делфини
Нема што многу да се кажува за оваа професија, но немојте да мислите дека вие се справувате со најмногу г**на работа.
Собирач на голф топчиња
Секој ден е во природа и работи на свеж воздух собирајќи стотици топчиња дневно. Но, на секоја страна му летаат топчиња со 200 километри на час, што ја прави неговата работа и не толку атрактивна.
Маскота во луна парк
Следниот пат кога ќе бидете во некој луна парк на 50 степени заблагодарете му се на Господ што не сте маскота таму и не се глупирате по цел ден пред секакви деца.
Бирач на чипс
Сигурно знаете дека не можете да изедете само едно парче чипс. Тоа е благодарејќи на бирачите на чипсови кои го прегледуваат испржениот чипс парче по парче за на крај ние да јадеме совршен чипс. Чекори за усовршување: 1. Забележи го лошото парче 2. Отстрани го 3. Повторувај го ова цели 8 часа.
Нуркач во хазардни работи
Сакате да пливате? Ја сакате канализацијата? Вашиот одговор веројатно е Да и Не. Овие луѓе пливаат и нуркаат низ работи на кои никогаш не би ви текнало. Еден од овие нуркачи еднаш нуркал низ езеро со фекалии од свињи, урина и игли само за да стигне до мртво тело.
Наеднаш, и не ти е толку лоша работата нели?